1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дутерте се извинува за навредите, Обама не сака да го сретне

ЖА/дпа/афп/ртре6 септември 2016

По навредите од филипинскиот претседател, Барак Обама ја откажа планираната средба со него. Дутерте се извини што неговиот коментар на сметка на Обама, „курвин син“, бил сфатен како лична навреда.

https://p.dw.com/p/1JwJJ
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb/M. Dejeto

Американскиот претседател Барак Обама ја откажа планираната средба со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, откако тој го нарече „курвин син“. Наместо средба со Дутерте на маргините на Асеан-самитот во Лаос, за денеска е планиран билатерален состанок на Обама со јужнокорејската претседателка Парк Геун Хај, соопшти портпарол на Националниот совет за безбедност во Вашингтон, без да презицира причина за откажаната средба.

Дутерте пак изрази жалење, истакнувајќи дека немал намера да го навреди лично Барак Обама. Во неговото издадено соопштение стои дека Дутерте „жали што коментарот бил сфатен како личен напад врз американскиот претседател. Би не радувало да ги надминеме раликите, што би одговарало на нашите приоритети“. Дутерте во понеделникот јавно го предупреди Обама да не му држи лекции во врска со ситуацијата со човековите права на Филипини: „Курвин сину, ако на овој форум се расфрлаш со прашања и изјави, ќе се испокараме и ќе се валкаме во калта како свињи“.

Philippinen Präsident Rodrigo Duterte
Дутерте често не внимава што зборуваФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Marquez

„Дубиозен тип“

Барак Обама реагираше на испадите на Филипинецот уште на маргините на самитот Г20 во Кина, најавувајќи советување со својот тим околу тоа дали билатерална средба воопшто има смисол. „Постојано морам да водам сметка за продуктивноста на некоја средба и за нејзиниот ефект“, изјави Обама. Според него, на Филипини вистински постои сериозен проблем со криминалот со дрога, но нема да се воздржи да го критикува начинот на негово сузбивање. Филипинскиот претседател, избран на функцијата во мај, во минатите месеци постојано пропагираше вонсудски убиства на осомничени деликвенти. Од стапувањето на должноста на претседателот на крајот на јуни, во земјата се убиени над 2400 луѓе, делумно од страна на полицијата, делумно од цивилни вооружени групи за одбрана. Организациите за човекови права и ОН остро ги критикуваа ваквите постапки и климата на беззаконие. Дутерте пак не дозволува лекции по човекови права: „Воопшто не ми е грижа за оние кои го следат моето однесување“, изјави тој.

Грубите пцовки и навреди се препознатлив знак на Дутерте. Неговите вербални испади предизвикуваат шокираност низ цел свет, но очигледно им се допаѓаат на Филипинците: без оглед на меѓународната критика, во анкетите на јавното мислење, поранешниот државен обвинител има поддршка од 91 процент од граѓаните. На сметка на ОН Дутерте во јуни рече: „Носете се по ѓаволите, ОН, не можете да ги решите ни валканиците на Блискиот Исток. Затнете ја муцката!“. Дутерте упати навредливи зборови и кон папата Франциско за време на неговата посета на Манила, нарекувајќи го исто така „курвин син“.