1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дупката во грчкиот буџет двојно поголема отколку што е пријавено?

ЕМФ/афп/дпа23 септември 2012

Буџетскиот дефицит во Грција, според извештај во магазинот „Шпигел“, е многу поголема отколку што досега е познато. Самарас повторно бара отпис на долговите, тврди „Шпигел“.

https://p.dw.com/p/16Cw3

Магазинот „Шпигел“ во своето најново издание пишува дека на грчката влада, според досегашните сознанија на таканаречената Тројка, составена од претставници на ЕЦБ, ЕУ и ММФ, и‘ недостигаат 20 милијарди евра во буџетот, што е речиси двојно повисоко од она што досега се пријавуваше. Затворањето на финансиската дупка е предуслов за исплата на натамошни кредитни транши за Атина.

Експертите на Тројката го контролираат напредокот на Грција во процесот на штедење. Контролорите пред два дена ја прекинаа својата работа во Атина за период од една недела. Според Европската комисија, прекинот на контролата не укажува на проблеми, затоа што има напредок. Владата во Атина дебатира во моментов околу мерките за штедење кои треба да донесат заштеда од 11,5 милијарди евра. Трите коалициски партии не можат да најдат заеднички јазик околу мерките за штедење.

„Шпигел“ наведува дека грчкиот премиер Андонис Самарас повеќе пати прашал дали доверителите би биле подготвени повторно да отпишат долгови. Германската влада соопшти дека уште еднаш отпис на долгови не е тема за која се размислува.