ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори ако се одложат
1 март 2013Реклама
ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори доколку дојде до нивно одложување, изјавил за „Дневник“ висок функционер на албанската партија во власта.
Според истиот извор, можни се предвремени парламентарни избори, но најрано на есен.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска е во посета на Македонија, каде ќе има средби со главните политички фактори во земјата, во обид да се изнајде излез од политичката криза.