1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Д'Соуза: Велика Британија е поддржувач на македонските амбиции за НАТО и ЕУ

СН/ЖА/миа/мф25 септември 2013

Баронесата Д'Соуза, спикер на Горниот дом на Парламентот на Велика Британија е во прва официјална посета на Македонија, во момент кога се одбележува 20-годишнината од формалното воспоставување односи меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/19oIu
Фотографија: MIA

Спикерот на горниот дом на парламентот на Обединетото Кралство и Северна Ирска, баронесата Френсис Д`Соуза во Македонија донесе цврсти уверувања за британската поддршка во напорите Македонија конечно да стане дел од Европската унија (ЕУ) и НАТО, кои ги истакна како во обраќањето пред македонскиот парламент така и на средбите со претставници на македонскиот државен врв.

Д'Соуза во обраќањето пред македонските пратеници истакна дека Македонија се соочува со многу предизвици - парламентарни реформи, преговори за пристапување во ЕУ и можното постигнување на членството во НАТО, но силно е посветена на парламентарната работа и оти таа е уверена дека сите овие предизвици ќе бидат исполнети и надминати.

„Иако мојата улога како лорд-спикер бара од мене да стојам настрана од партиските политики, можам да забележам дека Обединетото Кралство навистина долго време беше поддржувач на македонските амбиции да се приклучи на НАТО и на ЕУ, поддршка која беше конзистентна од страна на владите кои беа формирани од различни политички партии“, рече таа. Оттука, додаде, лордот на Велика Британија и неговата Комисијата за европски прашања неодамна објави извештај за политиката на Обединетото Кралство за проширување на ЕУ со што силно го поддржа членството на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ.

Д`Соуза ја нагласи и улогата на Македонија во ИСАФ која што високо се цени, а таа неодамна се сретнала со претставници на македонските воени сили и да види што прават тие на теренот.

На средбата со претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељановски високата гостинка од Велика Британија пак изрази големо задоволство, но и желба за понатамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

„Обединетото Кралство и Македонија имаат силни врски на пријателство и тука сум да се засилат истите. Дојдов и да потврдам дека Обединетото Кралство ја поддржува Македонија во напорите да стане полноправен член на ЕУ и НАТО, и ќе направиме се што можеме за ова“, потенцираше баронесата Д`Соуза

Претседателот на Собранието пак изрази задоволство континуираната поддршка која Лондон и ја дава на Македонија.