1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дрогата и алкохолот најголеми фактори за насилство во училиштата

16 април 2011

Инцидентот во ГУЦ е само продолжение на големиот број на насилства што се случуваат во скопските училишта. Статистиката е поразителна: Дури 14 случаи на насилство имало во училиштата во Скопје во три и пол месеци.

https://p.dw.com/p/10sNZ
Фотографија: picture-alliance / Tagesspiegel

По неодамнешниот громорозниот чин во скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ кога животот го загуби средношколецот Мухамед Али Јашари. Во училиштето сите се се’ уште под силна тензија. Засилино е обезбедувањето на влезот.

Што е тоа што ги тера младите на тинејџерска возраст на бруталности со фатални последици? За дел од учениците од повисоките класови во „Здравко Цветковски“, кои не смееја да заборуваат пред медиумите во училишниот двор, во слободен разговор велат дека дрогата е главниот предизвикувач за инцидентите. Во помал обем неволјите се поради недоразбирања за девојка или пак судири од меѓуетнички карактер.
И истражувањето „Безбедност во училиштата“, реализирано од Здружението на безбедносни истражувања и едукација, со анкети во сите средни училишта, укажува дека консумирањето на алкохол и уживањето дрога се меѓу најголемите фактори за насилното однесување.
Flash-Galerie Gewalt an der Schule
Фотографија: picture-alliance/dpa
Во непосредна близина на ГУЦ, е гимназијата „Орце Николов“. Вакво е размислувањето на двајца матуранти од ова училиште:
„Најчесто се тепаат поради тоа што дома не ги воспитале добро“;
„мислам дека не треба да има такви работи, тепачки, глупости... Мислам дека сите меѓу себе треба да се сакаме и да се почитуваме, да нема војни, да водиме љубов, не треба да има омраза помеѓу нас, треба да се сакаме и да бидеме сложни браќа и сестри“.
Училиштата малку воспитуваат
Ова делумно кореспондира и со мислењето на Стефан Божиновски, училишен педагог во „Здравко Цветковски“: „Ниеден млад човек не се раѓа деликвент, тој се создава, а го создава најпрво семејството, втор момент е средината во која комуницира младиот човек. Исто така и околностите, моменталните околности во кои се нашол младиот човек и најпосле воспитанието односно училиштата“.
Tatjana Stojanoska Soziologin Skopje
Татјана СтојаноскаФотографија: DW
Она што е испуштено во семејствата треба да го дополнат училиштата, но кај нас училиштата образуваат, а многу малку воспитуваат, вели Татјана Стојаноска, магистер на катедрата за социологија на филозофскиот факултет во Скопје. Според неа, насилството на сите општествени подрачја не е неочекувана појава. Таа бара и поголема ригорозност за тие што ги предизвикуваат насилствата. „Намалена контрола на семејствата, училиштата многу повеќе образува одошто воспитува тоа е тоа што требаше да се надополни, медиумите ја играат својата улога- постојано потенцирање на насилни филмови и акти, од друга страна се шири говорот на омраза кој исто така продуцира. И ниеден млад човек не виде дека е осуден некој за тоа однесување и многу е лесно да речете и јас ќе се однесувам така, никој не бил санкциониран“.
Многу обвинувачки е резултатот на анкетата спроведена меѓу повеќе од петстотини средношколци, од кои 60 насто се чувствуваат недоволно безбедни во своите училишта. А, скоро сите анкетирани ученици јасно порачуваат дека за ваквите проблеми, возрасните се загрижени и зборуваат само откако ќе се случат.
Педагогот Стефан Божиновски укажува на повнимателно слушање на гласот на младите и на поголемо разбирање за времето во кое живеат. „На нив им треба љубов, разбирање и разговор. Тие имаат свој поглед на светот и ние треба да се прилагодиме према нивниот поглед на светот и нивните гледања на работите“, вели Божиновски додавајќи дека ова е време во кое што десетте божји заповеди за младите се застарени, а нив им е потребно могу повеќе толеранција и разговори.
Автор: Владимир Калински
Редактор: Александра Трајковска