1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА се приклучува на опозицискиот блок

Свето Тоевски/миа16 јули 2012

Централното собрание на Демократската партија на Албанците денеска во Тетово донесе одлука за соработка со опозицискиот блок партии пред локалните избори во Македонија.

https://p.dw.com/p/15YQX
Фотографија: DW

На денешната седница на Централното собрание на ДПА е решено воспоставување, како што беше речено, техничка соработка со опозиционата коалиција на македонските партии на Бранко Црвенковски и на Љубчо Георгиевски. Лидерот на ДПА Мендух Тачи најави дека на 18. јули во Тетово ќе има официјална средба со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на која ќе биде објавено влегувањето на ДПА во опозицискиот фронт, кој ја прокламираше својата цел-уривање на владата на премиерот Никола Груевски. ДПА најверојатно ги задржува своите разлики со опозиционите партии од македонскиот блок околу нивната иницијатива за донесување нова меѓуетничка спогодба наместо постојниот Рамковен договор.

Почесниот претседател на ДПА Арбен Џафери непосредно пред почетокот на Централното собрание изјави дека нормално е пред сите избори да се отворат прашања за соработка и за тоа одлука да донесуваат телата на партиите.