1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДПА нема да го бојкотира Парламентот

ЖА/миа3 март 2013

ДПА денеска во партиското седиште во Тетово одржува вонредна седница на Централното претседателство на која ќе се разговара за вчерашните случувања во Македонија.

https://p.dw.com/p/17pW9
Фотографија: DW

Претседателот на партијата Мендух Тачи пред почетокот на седницата најави дека пратениците на ДПА ќе се вратат во македонскиот парламент. Во однос на вчерашните случувања, Тачи ја обвини владејачката ДУИ дека игра валкани игри со македонските политички партии.

Тој апелираше до Албанците да не ја загубат довербата во политичкиот процес.

„Сите Албанци треба да бидат внатре во политичкиот процес и заедно да работиме ова разочарување да се претопи преку гласање на 24 март. Овие настани никому не му одговараат. Тоа не е игра и тие што си играат со тоа не се зрели за тоа колку е комплициран политичкиот живот во Македонија“, рече Тачи.

Од ДПА најавија дека заклучоците од седницата на централното партиско претседателство ќе бидат испратени до медиумите по нејзиното завршување.