1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

До вакцина, како на лотарија

Ана Кристина Чепе
15 февруари 2021

Зошто многу млади луѓе во Лос Анџелес секојдневно стојат во редиците пред центрите за вакцинација, во надеж дека ќе примат корона-вакцина, иако не ги исполнуваат условите од планот за вакцинација?

https://p.dw.com/p/3osSs

Најнаселената американска сојузна држава, Калифорнија е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот.

Но во последниве денови има причини за оптимизам.

Бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува, а вакцинацијата добива во темпо.

Повеќе:

-САД: Вакцинирање на векот

-Зошто американските евангелисти толку многу се противат на вакцините?

Во речиси 40-милионската Калифорнија, досега се извршени речиси 5,8 милиони вакцинации, во прв ред на лицата од ризичните групи, медицинскиот персонал и постарите граѓани.  

Но и по некој помлад жител на Калифорнија, среќно има примено вакцина, по денови чекање пред центрите за вакцинација. Повеќе за ова во насловното видео: