1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дошколувањето како извозен адут

21 ноември 2006

Германија припаѓа кон водечките извозници во светот,но многу побрзо од стоките расте побарувачката за услужни дејности од сите видови.Тука спаѓа и обуката за производство “Меид ин Џермани”

https://p.dw.com/p/AeKB
Фотографија: dpa Zentralbild

За успех е потребно време и трпение ,ова е мотото на Ерик Швел,шеф на мегународната управна и стопанска академија во Волфебител во Долна Саксонија. Веке три години оваа академија во Кина нуди класично образование за продавачи и менаџери и води настава според сертификат од германската индустриска и стопанска комора .

"Сето тоа го работиме на друг јазик и во потполно различен систем од оној што го имаме овде во Германија.Тоа значи дека мораме да ја прилагодиме класичната меѓузависност на теорија и пракса како во Германија, што во Кина не постои . Во претпријатието мора прво да се образува наставниот кадар, затоа што во Кина такво нешто не познаваат.Тие не знаат што значат практиканти. И кинеските претпријатија не се подготвени да даваат пари за дообразование. Неверојатен трошок е системот кој го имаме во Германија да се пренесе на тој пазар. А тоа ни успева само кога во тој процес учествуваат и големите претпријатија."

Академијата инвестираше во Кина половина милион евра , школуваше тренери и издејствува лиценца ,но дури во наредните години може да смета на ангажирање. Потребата за добро образовани кадри е огромна. Нив ги бара пред се германската индустрија која функционира во Кина.

Тоа наизглед е секаде така.И секаде има огромна потреба од стручњаци. Ако ми успее да развијам еден производ кој му е потребен на едно претпријатие и тоа да се искористи како иновација тогаш можам да ги уверам властите , институтите , организациите а на крајот на краиштата и самите учесници да платат.Ширум светот пазарот на образование расте. Тоа одамна го имаат препознаено англосаксонските земји.На пример Сузан Бургер од министерството за образование и наука вели.“Кога ке го погледнете извозот на Австралија тогаш ке забележите дека тој е втор по големина во областа на образованието.Во Америка тоа е петта по ред област.Тоа значи дека потребата за образование ширум светот расте. За Германија едноставно би била голема загуба ако со оглед на големиот углед кој образовниот систем го ужива ширум светот не се позиционира на вистинското место.

Во Германија има околу 40.000 наставници, ама само 8-10 проценти од нив ја откриле пазарната страна. Поради тоа и извозот на образование во германската статистика воопшто не се споменува. Сојузната влада има намера тоа да го промени и пред пет години започна акција “IMOVE“.Оваа иницијатива која владата годишно ја помага со милион евра ги информира и советува наставниците и воспоставува контакти со странство преку патувања на делегации. Во прашање не е само заработка туку и имиџ велат во министерството. Се подобрува и работата на оние кои се вклучени во процесот на образование а кои со оглед на пазарните реформи во Германија изминатите години западнаа во длабока криза. Питер Геде од фондацијата за образование и наука напоменува дека на овој чекор не секогаш се гледа како на лек.“Секој што неподготвен и несистематски влегува во работата со извозот тогаш неуспехот практично му е испрограмиран.Тоа не е излез од кризата кој на почеток чини многу пари , многу време и многу труд. Но кога некој е веке на тој пат тогаш сигурно во иднина би можел да постигне голем успех. Ние сакаме да ги зголемиме моменатлните 3% од делот за извоз на 15%. Тоа важи за Европа , но исто така и за далечниот исток, Кина каде сме активни, но и за Русија и Турција каде допрва ги правиме првите контакти.

“Ако Германците еднаш се зафатат со некоја работа тогаш и остануваат во неа. Ние важиме за доверливи , скромни и истрајни , велат во Министерството за образование. Сепак голем проблем за наставниот кадар во Германија е тоа што никаден во светот не постојат единствени образовни системи кои би биле признати на глобално ниво. Андреас Штром парламентарен државен секретар во Министерството за образовани и наука вели:“Во областа на стручно образование ние на политички план сме насочени кон тоа заедно со другите европски земји да бараме систем сличен на нашиот.Тоа се на пример Австрија, Швајцарија,Холандија, Данска но и многу други средноевропски држави членки на ЕУ. И се со цел германското дошколување во иднина уште подобро да се позиционира.