Доста со покажување мускули
1 март 2007� .
На почетокот од март треба да се одржи првата Конференција за Ирак на која ќе учествуваат соседните земји , петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и меѓународните организации . Тоа ќе биде средба на работни групи , која меѓу другото треба да ја подгоптви и втората конференција . што е планирано да се одржи во април . На неа треба да присуствуваат министрите на надворешни работи она овие земји .
„ Соседите на Ирак , како и меѓународната заедница имаат јасна улога кога станува збор за поттикнување на напорите на ирачката влада за воспоставување мир и национално помирување во земјата .
Разговорите , вели американската министерка за надворешни работи ќе се одржат на иницијатива на ирачката влада . Тоа меѓутоа не е една сосема нова идеја – истакна државната секретарка за време на едно сослушување во Сенатот :
„ За да се успее во Ирак неопходна е позитивна подршка од соседите на Ирал . Тоа е главен заклучок на независната група за Ирак“- истакна тогаш Рајс . Оваа експертска група , позната и под името Бејкер Хамилтон комисија , во декември предложи , сите соседи на Ирак да бидат вклучени во потрагата по решение за конфликтот . Предложено беше одржување на тркалезна маса , но претседателот Џорџ Буш го отфрли предлогот . Тој не сакаше да седне на иста маса со претставници на Сирија и Иран .
Американската влада во минатото постојано ја обвинуваше Сирија дека ги подржува терористичките групи. Иран пак е обвинет дека ги снабдува со оружје бунтовниците во Ирак
Американското учество на претстојните разговори , американската влада не сака да биде сфатено какао промена на курсот , дури и ако не се исклучени неформални разгвоори меѓу претставници на САД од една на Сирија и Иран од другастрана и маргините на конференциите. Притоа меѓутоа би се разговарало само за Ирак а не за иранската атомска програма
Условите за разговори околу оваа жешка тема не се изменети . САД имено бараат запирање на збогатувањето ураниум во Иран . Опозиционите демократи пак најавата на владата на Буш за учество на иста конференција со Сирија и Иран , ја оценуваат како прв чекор во позитивна насока. Но тоа не е доволно и како и досега и натаму постои недоверба– истакнува демократската сенаторка Пети Мареј:
„Чекаме , дали ќе заврши со покажувањето мускули и ќе работи на тоа да се пронајде регионално решение“