Дополнителни санкции на САД за Иран
14 декември 2012Американската влада повторно ги зајакна санкциите против Иран. Во контекст на спорната иранска атомска програма замрзнат е сиот имот во САД на седум претпријатија и пет лица, соопштија министерствата за надворешни работи и за одбрана во Вашингтон. Освен ова на американските граѓани им се забранети какви било деловни контакти со оние на кои се однесува оваа мерка.
Претпријатијата и лицата, според американските власти, го снабдувале иранскиот режим и неговата атомска програма со стока, технологија и услуги. Меѓу петмината е и Фереидоун Абаси-Давани, шеф на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI)
САД и нивните сојузници се сомневаат дека Иран, под плаштот на цивилна атомска програма, развива атомска бомба. Иран ги отфрла обвинувањата.