1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска конференција за жртвите од земјотресот во Пакистан

19 ноември 2005

Шест недели по разорниот земјотрес во Пакистан, кој одзеде над 75 илјади животи, во Исламабад денеска почна донаторска конференција за помош на жртвите.

https://p.dw.com/p/AcBE
Кофи Анан во посета на погодените подрачја во Пакистан
Кофи Анан во посета на погодените подрачја во ПакистанФотографија: AP

Пакистанскиот претседател Перверз Мушарав ги повика нациите да донираат пари со цел да им се помогне на жртвите кои се уште се на отворено, бидејќи им се заканува смрт од студеното време. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, пак се пожали дека богатите држави заборавиле на Пакистан. Какви се приликите во погодените подрачја на прагот на зимата, лично сдакаше да види и еврокомесарката за наворешни работи Бенита Фереро Валднер, со која на пат беше и нашиот известувач Бернд Ригерт.

Стотина деца во Муџафербад секој ден чекаат во редици за во мали пластични кантички да наполнат вода за пиење. Пакистанските војници наоружани со дрвени палки ја држат под контрола масата која се турка додека австриските војници точат вода од уредите за пречистување. Тие сега лиферуваат вода за пиење за 40 илјади жители на уништениот главен град на провинцијата, а наскоро ќе мора да се вратат во својата земја. Муџафарбад пред земјотресот броеше 240 илјади луѓе.

Мајорот Фриуц Афленцер објаснува:

,, Повелекувањето на уредите за пречистување на водата ќе биде голем проблем. Додуша, ОН и пакистанската влада се информирани за тоа, а ние мораме да се вратиме дома. Како тогаш ќе се иѕлезе на крај со проблемот и со нехигиенските услови, не ѕнаеме. Ќе биде мошне тешко,, вели мајотор. И европската комесарка за надворешпни работи Бенита Фереро Валднер од хеликоптер го надгледуваше разрушениот град.

,, Јас бев шокирана од она што го видов, иако снимки постојано гледав на ТВ. Кога тоа ќе се види на лице место од близина , и тоа колку луѓето патат поради тоа, тогаш човек се потресува. И моите грижи се свртени кон оние кои сега се наоѓаат во тешка состојба,, вели Валднер.

Учесниците на денешната донаторска конференција се обидуваат да најдат решение за ситуацијата во Пакистан. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, кој претходно ги критикуваше нациите дека Пакистан добил само 30 % од планираните фондови за реконструкција, вети засолништа за сите преживеани од катастрофалниот земјотрес.