1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Домашна задача: испланирај терористички напад!

27 август 2010

Австралија е вчудоневидена. Учениците од 10 клас во градот Калгурли-Булдер добиле како домашна задача да испланираат терористички напад во кој би имало што е можно поголем број жртви.

https://p.dw.com/p/OxBW
Вежба против терористички напад во Австралија, но не од ученици!Фотографија: AP

Петнаесетгодишната Сара на австралиското радио прочита како гласела темата на домашната задача: „Замисли дека си терорист кој сака да испрати политичка порака на тој начин што во некој австралиски град би пуштил хемиски или биолошки отрови. Целта е да бидат убиени што поголем број цивили. Досегот на смртоносното дејство на хемиските или биолошките супстанци со кои располагаш е само 200 метри.“

Мајката на Сара на австралиското радио изјави дека нејзината ќерка била вџашена, зашто индиректно веќе знаела за последиците на терористички напади. „Едноставно не можев да поверувам дека тоа им го дале као домашна задача.Еден наш роднина загина во бомбашки напад на Бали, што многу ја погоди Сара“, изјави нејзината мајка.

Schule Schulleistungsvergleich Dossierbild 1
Фотографија: picture alliance/dpa

Наставничката ја признала грешката

Многу од школските другари на Сара ја изработиле оваа домашна задача, но уште пред нивните планови за напад да бидат оценети, училишната управа ги повлекла. Шарин О‘Нејл, генерална директорка од Министерството за образование призна дека наставничката направила грешка и таа жали што дала таква задача. Истовремено, таа ја пофали Сара и нејзината цивилна храброст. „Нашите наставници дават задача врз основа на темите кои се наоѓаат во наставниот план. Во случајов, станува збор за груба погрешна оценка на наставничаката, која имала цел на учениците да им ја даде темата ’судири’“, изјави Шарин О‘Нејл.

Тероризмот во Австралија е многу чувствителна тема. Минатите години австралиски граѓани во повеќе наврати беа жртва на терористички напади, меѓу другите во Џакарта минатата година и на Бали во 2002 и во 2005 година.

Автор: Бернд Муш Боровска/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска