Долгорочна помош од Германија
6 јануари 2005“Кабинетот реши да стави на располагање 500 милиони евра“.
Канцеларот изјави дека првите 20 милиони евра беа за итна помош. Тоа е важно, но не и доволно. 500-тините милиони се наменети за долгорочни проекти за обнова на погодените земји. За што конкретно не соопштија ниту Шредер, ниту министерот за надворешни работи Јошка Фишер. Шредер само дополни:
“Деталите ќе бидат разгледани откако ќе биде појасно за што ќе се договорат Европската унија, Парискиот клуб и Групата 7. Мислам дека е прерано да се кажува за што ќе бидат искористени овие средства“.
Во секој случај, тежиштата треба да бидат кон прочистување на водата, здравството, обновата на училиштата и за изградба на ситем за навремено предупредување.
Министерот Фишер рече дека секоја земја, со оглед на димензиите на катастрофата, мора да го даде она што е во состојба да го даде:
“Тоа е огромна катастрофа за регионот, но да не заборавиме дека со оглед на претпоставените загинати и трауматизацијата дека тоа е и европска и германска катастрофа“.
Обајцата упатија посебни пофалби на огромната готовност за донирање на греманските граѓани. Таква готовност за помош е единствена во светот, на што сум горд, изјави канцеларот Шредер.