1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Документарно сведоштво од Гвантанамо

Агенции / З.Ј.16 јули 2008

Меѓународната јавност за прв пат доби можност да види снимка од сослушување на 16-годишен затвореник во американскиот логор во базата Гвантанамо на Куба. Не се гледа директна примена на сила, тие се доволно впечатливи.

https://p.dw.com/p/EdIW
Од снимката на сослушувањето на Омар КадрФотографија: glabalandmail.com

Омар Кадр е канадски државјанин, кога бил заробен имал 15 години и имал повеќе прострелни рани. Обвинет е за убиство на еден американски војник. Тој е најмладиот од сите заробеници што се донесени во Гвантанамо. Снимките од сослушувањето се од 2003-та година, шест месеци откако бил заробен.

Американците по исклучок дозволиле сослушувањето да го вршат агенти на канадската тајна служба. Сослушувањето траело 4 денови. На прикажаните делови од инаку седумчасовната снимка се гледа колку е Кадр очаен, моли за помош или бара да биде убиен. Тој се жалел и на тортура од страна на Американците за да биде изнудено признание.


Канадскиот премиер не сака да се ангажира за Кадр


Снимките некако стигнале до рацете на адвокатите на Кадр, кои пред канадски суд успеале да издејствуваат право за објавување. Кадр е заробеник подолго од пет години и дури во октомври годинава треба да му се суди. Канадскиот премиер Стивен Харпер одби да се заложи за Кадр кај Американците.

Независно од тоа што направил и дали е виновен Омар Кадр, единствениот западен државјанин меѓу уште околу 270 преостанати заробеници, објавувањето на снимката повторно фрла негативна светлина врз антитерористичкиот логор во Гвантанамо и методите што таму се применуваат.


Буш: заедно со Конгресот бараме излез


На прес конференција во Вашингтон, на прашање за тоа како ќе постапи откако Врховниот суд оцени дека американскиот устав важи и на Гвантанамо и затворениците имаат право на регуларна постапка, американскиот претседател Џорџ Буш рече: „Ние, односно Министерството за правда, се’ уште ги анализираме ефектите од судското решение, со кое, како што знаете, јас не се согласувам. Второ, заедно со членовите на конгресот бараме излез. Ова ја компликува ситуацијата во Гвантанамо. Моето мислење цело време беше дека или ќе ги пуштиме дома, или ќе им дадеме шанса да се најдат пред суд, само разгледуваме како да биде тоа во светлина на пресудата на Врховниот суд“.

►◄