1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доживотна суспензија за Флавио Бријаторе

22 септември 2009

Внатрешната чистка во француската екипа „Рено“, и‘ дозволи на ФИА да донесе „блага“ казна за екипата за местење на ланската трка во Сингапур, но истовреме доживотно суспендирање на главниот виновник, Флавио Бријаторе.

https://p.dw.com/p/Jm4s
Флавио БријатореФотографија: AP

Формула 1 не можеше да си дозволи да ја изгуби екипата на „Рено“. Светската федерација за автомобилски спорт, иако пресуди дека „Рено“ го прекршил спортскиот кодекс, го компромитирал интегритетот на спортот, а ги довел и во опасност гледачите, судиите, другите возачи и својот возач Нелсињо Пике Жуниор, ја казни екипата „Рено“ со две години условно суспендирање. Односно, казната ќе се активира само ако „Рено“ прекрши некое правило на ФИА до крајот на 2011. Вообичаено, ваквите груби прекршувања заслужуваат трајна дисквалификација, но поради готовноста на тимот да соработува и самиот да ги казни виновниците и да ја признае грешката, дозволија казната за тимот да биде поблага.

„Докажаа дека екипата нема никаква морална одговорност и дека нема одговорност во режирањето на трката“, беше јасен претседателот на ФИА, Макс Мосле.

„Рено“ јавно ги прифати казната и одговорноста, најавувајќи оти брзо ќе се соочи со неа и дека ќе стори сé да се концентрира само на иднината. „Ние се извинуваме и се надеваме дека овај настан набрзо ќе биде зад нас“, изјави претседателот на екипата „Рено“, Бернар Реј.

Казни за главните виновници

Најлошо помина поранешниот шеф на „Рено“, Флавио Бријаторе, кој заработи доживотно исклучување од сите настани на Светската афедерација за автомобилски спортови, додека екс-директорот на инженерскиот тим Пет Сајмондс доби петгодишна казна.

Formel 1 Renault Rennauto 2009
Фотографија: picture-alliance/ dpa

За возачите Нелсињо Пике и Фернандо Алонсо не беа донесени никакви санкции.

Претходно, тимската истрага утврдила дека освен Бријаторе и Сајмондс, никој друг не бил вмешан во заговорот на ланската трка во Сингапур, кога Пике доби сугестија намерно да се судри и да излета од трката, за да му помогне на Алонсо да победи.

Целиот скандал излезе во јавноста дури летово, откако Бријаторе и „Рено“ го отпуштија бразилскиот возач, кој веднаш ги изнесе нечистотиите на виделина. Казната што вчера ја доби тимот, дополнително го прави неизвесно останувањето на „Рено“ во Формула 1 и во иднина.

Кога се поставува прашањето кој ќе биде новиот шеф на „Рено“, најчесто се споменува името на Алан Прост, кој вели дека е подготвен да одговори на предизвикот, ако тоа се побара од него.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска