Доделени наградите ”Лола ”
5 мај 2007Реклама
Филмот ”Четири минути” на Крис Краус ја доби годинашната германска филмска награда ”Лола”. На гала вечерта во Берлин, за најдобра женска актерка беше прогласена главната актерка во овој филм, Моника Блајбтрој. Наградата за најдобра машка улога ја доби Јозеф Биербихлер за неговата улога во драмата ”Зимско патување”. Наградата за животно дело отиде во рацете на Армин Милер-Штал. Германската филмска награда е дотирана со 2,8 милиони евра.