1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорена поинтензива соработка со Австралија

27 октомври 2009

Со договор за социјално осигурување и отворен конзулат во Мелбурн, македонскиот премиер Никола Груевски си заминува од Австралија, каде имаше значајни средби со австралиските власти, но и со македонските иселеници.

https://p.dw.com/p/KGmZ
Премиерот Никола Груевски во АвстралијаФотографија: MIA

Веројатно најголема придобивка е договорот што отвора можност Македонците кои работеле во Австралија да ги добиваат пензиите во родната земја. Иселениците во Сиднеј, Мелбурн и Канбера еуфорично го дочекуваа Груевски. Освен средбите со нив македонскиот премиер разговараше со многу австралиски политичари од власта и од опозицијата. Со премиерот Рад ја потпиша спогодбата за пензиите и најави поинтензивна соработка на сите новоа:

“Почнуваме една поинтензивна соработка со Австралија. Мислам дека во минатото на некој начин беа запоставени односите со Австралија и оставени во рамки на активностите на нашата дијаспора. Но во иднина треба да се продолжат релациите со властите во Австралија и со опозицијата и со други високи политичари бидејќи Австралија е голема, моќна и влијателна држава“.

Australien Canberra, Kalenderblatt
КанбераФотографија: AP

Брисел е приоритет

Груевски е прв македонски премиер кој официјално ја посетува Австралија. Турнејата по континентот е скусена, Отпаднаа Перт и неколку други места на Источниот и Западен брег на Австралија. Како причина за промената на агендата се наведува состанокот на европските политички партии, што в среда започнува во Брисел. Премиерот смета дека неговите средби со партиските лидери на моќната европска десница се мошне значајни за Македонија, особено по позитивниот извештај на ЕУ.

“Откако ја добивме веста дека ЕК препорача почеток на преговори, оценив дека е добро да ја скратам посетата на Австралија за да заминам за Брисел на состанокот на народната партија и на средби со Оли Рен и со Хавиер Солана“.

Убаво е чуството да се види како се вее македонското знаме по улиците на земјата домаќин и да се слушнат заложбите на властите за продлабочување на соработката во многу сфери. Но, за Австралија, Македонија и натаму останува Фиром. Канбера не сека да оди против интересите на моќното грчко лоби во земјата.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска