Добар старт на Ритнер како шеф на женската тениска репрезентација на Германија
25 април 2005Реклама
Една од најдобрите некогашни германски тенисерки и репрезентативка Барбара Ритнер имаше успешно деби како шеф на репрезентацијата во Федерејшн-купот: нејзините избранички, досега релативно анонимните Ана-Лена Гренефелд, Јулија Шруф, Сандра Клезел и нешто попознатата Анка Барна, во мечот од втората светска лига обезбедија победа против Индонезија од 4 спрема 1.„Сите целосно меѓусебно се поддржуваа и воопшто имаше заедништво во тимот. Мислам дека со ваква екипа може да се оствари и нешто, за што многумина не веруваат дека сме способни“ – рече Ритнер по успешното деби. Сега во баражот на 9-ти и 10-ти јули германската селекција има шанса да се избори за враќање во Светската група.