Директорот на косовски Телеком преживеа атентат
13 април 2007Реклама
Директорот на косовскиот Телеком преживеа и втор обид за атентат врз него. Автомобилот на Антон Бериша вчера бил нападнат со рачен минофрлач, а во инцидентот е повреден полицаец од неговата придружба. Обезбедувањето на Бериша беше засилено по 28 фебруари кога неколку лица отворија оган врз неговото возило на патот од Приштина кон Пеќ.