Директен избор на турски претседател
8 мај 2007Реклама
Турскиот парламент на првото читање за измена на уставот се изјасни за тоа шефот на државата во иднина директно да биде биран од народот, а не од парламентот. Освен ова треба да биде намален мандатот од сегашните 7 на 5 години. Пратениците целиот пакет измени на законот треба да го усвојат во рок од три дена. Иницијативата за директен избор на претседател потекнува од премиерот Реџеп Таип Ердоан и неговата конзервативна партија.