1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатска офанзива на Вашингтон

Михаел Бекер10 март 2009

Само неколку дена по шефицата на Стејт департментот, денеска во Брисел пристига и потпретседателот Џо Бајден. Во фокусот на разговорите со партнерите од НАТО се наоѓа новата стратегија на Американците за Авганистан.

https://p.dw.com/p/H8tV
Ќе биде ли задолжен за односи со Европа? Џо Бајден дебитираше на безбедносната конференција во МинхенФотографија: AP

Посетата на новиот американски заменик претседател Џо Бајден не беше долго договарана. Тој доаѓа во Брисел за да разговара со најблиските сојузници на САД околу промената на стратегијата за Авганистан. Ваквите зачестени консултации на највисоко ниво треба да ја сигнализираат промената на курсот во Вашингтон. „Сакаме да покажеме дека многу сериозно му приоѓаме на партнерството со НАТО, исто како и на заедничката обврска кон Авганистан“, порача министерката за надворешни работи Хилари Клинтон, која во четвртокот беше во Брисел.

Џо Бајден во дипломатскиот куфер ги носи првите потези на администрацијата на Барак Обама за промена на стратегијата кон Авганистан. Тој сака лично да им ги претстави на генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и на амбасадорите на земјите членки на Алијансата во Брисел. Бајден сака исто така да ги чуе и првичните реакции на сојузниците во врска со промените во стратегијата: „Навистина сме заинтересирани за вашиот совет. Промената на стратегијата е од голема важност, затоа треба да произлезе сеопфатна стратегија, за која сите заедно ќе сносиме одговорност“, вели Бајден.

Joe Biden Bildergalerie Kabinett
Вице-претседателот Џо Бајден се смета за особено искусен во надворешната политикаФотографија: AP

Консултации и очекувања

Значи се’ си има своја цена. Американците очекуваат на јубилејниот самит на НАТО во април да пристигаат бројни понуди од сојузниците што се однесува до нивниот дополнителен ангажман во Авганистан. Бајден сигурно нема да пропушти да ги потсети на тоа. Притоа нема да биде доволно зголемување на ангажманот во подрачјето на цивилната обнова на земјата, туку ќе требаат и дополнителни контингенти војници: „Не би требало да и’ подлегнеме на илузијата дека засилувањето на компонентата на цивилна обнова, ќе значи намалување на бројот потребни војници“, нагласи неодамна генералниот секретар на Алијансата, Шефер.

NATO Generalsekretär Jaap de Hoop Scheffer beim Nato Aussenministertreffen in Brüssel
Ген-секот на НАТО, Јап де Хоп ШеферФотографија: AP

Американците веќе покажаа со сопствен пример што треба да се прави. Тие најавија нови 17.000 војници за Авганистан. Германија, пак, вети натамошни 600, што значи вкупно 4.500. Тоа е и горната граница што ја постави германскиот парламент за мисијата во Авганистан.