Изградена во 1986 година, пуштена во употреба во 1987, во погон само 13 месеци - атомската централа Милхајм-Керлих е неславна приказна, а на нејзината разладна кула деновиве ѝ дојде дефинитивен крај - беше срушена со контролирана експлозија. Причина- проблематична дозвола за градба, не било земено во предвид дека во земјината внатрешност под атомската централа се судираат две тектонски плочи.