1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК: Обработени 76,33 проценти од избирачките места

6 јуни 2011

Според 76,33% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии.

https://p.dw.com/p/11UqY
Фотографија: MIA

Од обработените податоци од гласањето во 2.299 избирачки места, односно 76,33 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 291.875 гласови, зад неа е СДСМ со 240.675 гласа, ДУИ има 81.261, ДПА 41.622, Национална демократска преродба 20.697, ВМРО-НП 18.809, Обединети за Македонија 10.990 гласови, Нова демократија 13.781, ЛДП 10.058.

На видео-бимот поставен во Прес-центарот на ДИК во Клубот на пратениците и на веб-страницата на Комисијата постојано се ажурираат податоците во согласност со резултатите што пристигнуваат од избирачките места.

Според најавите од ДИК, околу полноќ се очекува да се одржи прес-конференцијата на која претседателот на Комисијата треба да го соопшти одзивот на гласачите и првичните неофицијални резултати од денешното гласање на предвремените парламетарни избори во земјава и во дијаспората.

Автор: АТ/ миа