Десет жртви во Јапонија од тајфунот „Роке“
22 септември 2011Реклама
Тајфунот, предизвика поплави и одрони на земјиште, но според досегашните сознанија, досега не предизвикал нови штети на хаварисаната атомска централа „Фукушима“. Фирмата која управува со централата, „Тепко“, соопшти дека ги презела „сите можни мерки“ за да спречи евентуална радиоактивност поради тајфунот и за да не навлезе дожд во уништените реактори. Илјадници куќи и улици се под вода, има откорнати стебла, сообраќајот беше делумно запрен, а илјадници луѓе побегнаа пред водените маси. Во Токио, поради тоа што не сообраќаше железницата, илјадници луѓе не можеа да се вратат дома. Тајфунот, кој е 15. по ред оваа сезона, замина во насока на север, на островот Хокаидо.
Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/дпа/афп
Редактор: Борис Георгиевски