1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици загинати во пожар во Русија

ЕМФ/ард13 септември 2013

Се зголемува бројот на жртвите во големиот пожар што изби во една психијатриска клиника во Русија. Според последните информации загинале 37 луѓе.

https://p.dw.com/p/19h6o
Фотографија: Reuters

Пожарот избил во текот на ноќта (12/13.09) во клиника во селото Лука, кое се наоѓа во западниот руски регион Новгород. Досега се извлечени телата на десетмина загинати, соопштија властите. Меѓу загинатите е и една медицинска сестра која се обидувала да ги извлече пациентите. Евакуацијата на пациентите се одвивала многу тешко, поради тоа што многумина од нив не можеле да станат или не гледале како што треба. Освен тоа, дел од пациентите биле зашеметени од лекови. Во времето на избивање на пожарот во клиниката имало 59 пацинети. Дел од нив успеале да избегаат низ прозорците и да се сокријат во блиската шума.

Според првичните сознанија, пожарот избил поради непретпазливост на еден од пациентите. Меѓутоа, се нагласува дека најверојатно не биле испочитувани ниту безбедносните прописи. Портпарол на противпожарните единици изјави дека зградата не биле доволно осигурана против пожар. Властите неколку пати укажувале на тоа и препорачале преселба на пацинетите во модерна клиника. Непочитувањето на безбедносните прописи е една од најчестите причини за пожари во Русија. Во април годинава, во пожар во една клиника во околината на Москва, загинаа 38 луѓе.