1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска започнува алтернативниот, утре главниот самит

5 јуни 2007

Во Росток е мирно. Американскиот претседател Џорџ Буш вечер ќе пристигне во Хајлигендам, прв од државниците на земјите од групата Г8 што ќе учествуваат на претстојниот самит

https://p.dw.com/p/AoLJ
На протестите во Росток учествуваат луѓе од разни краишта на светотФотографија: AP

Во Росток изутрината е мирно, но полицијата останува во акција, дотолку повеќе, што во текот на денов се очекуваат нови демонстрации на противниците на глобализацијата и на самитот. Пристигнувањето на Џорџ Буш е повод за демонстрации, кои денеска треба да се одржат кај аеродромот Росток. Судот во Грајфсвалд вчера го одобри протестот, но под услов на влезот на воздухопловната база да демонстрираат најмногу 50 лица. Поради забраната за поголеми собири кај аеродоромот, организаторите на демонстрациите најавија жалба пред Уставниот суд поради ограничувањето на правото на јавен протест.

Вчерашните демонстрации со околу 10 илјади учесници поминаа во голема мера мирно, иако во нив, според полицијата имало околу 2500 од групата на насилнички настроени. Во поворката имаше луѓе од разни краишта на светот. “Ние сме овде, како и сите други, за да протестираме против Г8, кој репрезентира еден систем што го уништува светот со ужасната неправда и насилство, но и затоа што ги уништува условите за егзистенција на луѓето на планетава” – вели Џон Холовеј, кој допатува од Мексико за да им се придружи на протестите.

Сепак, не помина се’ во идеален ред – 50-ина полицајци се полесно повредени. По големото насилство на саботниот протест барањата на полицијата да и’ се дозволи против демонстрантите да употреби гумени куршуми наидува на разбирање и кај некои политичари, на пример експертот за внатрешна политика на социјалдемократите Себастијан Едати.

Инаку, полицијата ги продолжува и контролите на границите, воведени поради самитот. Вчера таа не им дозволи на 18-мина патници од еден автобус да ја минат германско-полската граница, оти во автобусот пронашла гас-маски, штитиови и упатства за однесување при демоснтрации. Поради слични наоди во еден автомобил е спречено и влегување во Германија на неговите патници – тројца Швеѓани и еден Финец.

Големиот самит на лидерите на седумте најразвиени индустриски нации од светот и Русија започнува утре во херметички затворениот Хајлигендам. Денеска во Росток, пак, почнува алтернативниот самит. Тој е заедничка акција на 40 организации, а се очекуваат илјада учесници од цел свет. Климата и овде ќе биде во фокусот, но за различниот приод зборува и мотото на собирот: “За глобализацијата поинаку да се поразмисли”.