Демонстрации на противниците на Г8
10 мај 2007Додека синоќа во Хамбург при демонстрациите на околу 2 илјади активисти на левичарската сцена дојде до судири во кои има и повеќе повредени,протетсите во Берлин протекоа мирно.Таму,спорд полицијата,во квартот Кројцберг се собрале околу 3 илјади луѓе.Во акција во Берлин беа околу 600 полицајци до полноќ.Во Хамбург пак акцијата на полицијата траеше до раните утрински часови.
Во Келн,Хановер и Гетинген се собраа помали групи,од 150 до 250 луѓе,нивните маршеви протекоа мирно.
Причината за протестите беше акцијата на полицијата која во повеќе германски градови ги претресе просториите на организации од левата сцена кои се противници на претстојниот самит на групата најразвиени индустриски земји на светот и Русија. 21 лице било осомничено за организирање во терористичко здружение со цел извршување насилни акции за спречување или попречување во одржувањето на самитот на Г 8 во градот Хајлигендам во покраината Мекленбург,соопшти полицијата во Карлсруе.Петра Кноер,портпарол на сојузното обвинителство изјави:
„Генералниот обвинител води две истражни постапки,една против милитантни групи,а втора против милитантна кампања поради создавање терористичпко здружение.Низ целата земја претресовме 40 станови.Причината е што се подметнати повеќе пожари,а целта на акцијата е тие да се расветлат и да се спречат натамошни.“
Околу 900 службеници претресле вкупно 40 станови,бироа и други објекти во Берлин,Бранденбург,Хамбург,Шлезвик Холштајн,Бремен и Долна Саксонија.Во Хамбург полицијата влегла во просториите на здружението од левата сцена,Црвена Флора .Претставникот на ова здружение Андреас Блехшмит со обвинение:
„Овој претрес го гледаме сосема јасно како криминализирање на протестите против самитот ,но и како напад врз критичката јавност која е противник на самитот,која Г8 не сака да го гледа само како политички спектакл.“
На акцијата на полицијата стигнаа критики и од шефицата на партијата на Зелените Клаудија Рот, како и од организацијата Атак,која е противник на светската глобализација,иако не беше засегната со претресувањето.