1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во Анкара

14 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDt

Денеска во Анкара околу 100.000 лица демонстрираа против можноста сегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган да стане иден претседател на државата. Тие беа дојдени од сите делови на земјата. Турската армија, како доследен чувар на секуларниот карактер на државата, вчера се изјасни за нерелегиозно ориентиран наследник на сегашниот претседател Ахмед Неџет Сезер, кому во мај му истекува мандатот. Сезер во говор пред воената академија во Истанбул предупреди на опасноста од исламизација на политичкото раководство на земјата. Секуларниот систем во Турција е во најголема криза од основањето на Републиката во 1923-та година, нагласи тој. Избор на претседател врши парламентот, во кој исламистите имаат убедливо мнозинство.