1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократите му попуштија на Буш

23 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnwH

Претставниците на Демократите во Конгресот на САД попуштија во спорот со американскиот претседател Џорџ Буш околу буџетот за војната во Ирак. Наспроти првичните планови во новиот предлог закон за буџетот нема да биде одреден рок за повлекување на американските војници од Ирак. Буш на почетокот на месецот стави вето против законот за буџетот, кој содржеше таков рок. Иако Демократите имаат мнозинство во двата дома на Конгресот тоа не е доволно да му се спротистават на правото на вето што го има претседателот.