1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делумно изненадување на изборите и во Бразил

2 октомври 2006

Иако се проценуваше дека актуелниот претседател Лула е фаворит и дека ќе освои мнозинство уште во првиот круг, сепак ќе има уште едно соочување со неговиот против кандидат Алкимин.

https://p.dw.com/p/Adwq
Лула во изборната кампања
Лула во изборната кампањаФотографија: AP

Државната изборна комисија соопшти, претседателот Луис Инасио да Силва е победник, но освоил 49% од гласовите, поради што ќе мора да има и втор круг на претседателски избори во земјата.

Противник на 60 годишниот Лула кој од металски работник стана претседател на земјата ќе му биде кандидатот на Социјалдемократите, Гералдо Алкимин, кој освои 41% од гласовите. Тој е оптимист:

“Одам во вториот круг со голема шанса да го победам. Ќе имаме етничка, искреан и ефикасна влада“, изјави Алкимин кој е поранешен гувернер на Сао Паоло.

Аналитичарите проценуваат дека корупцискиот скандал во кој наводно е замешан актуелниот претседател Лула бил пресуден за ваквиот исход од гласањето. Во предизборната кампања сите повторно се потсетија на скандалот со поткупување на гласови поради што Лула мораше да го смени шефот на кабинетот, министерот за финансии и други вработени во администрацијата.

„Политичката игра во Бразил е нечиста и нефер. Она што го видовме до сега покажува дека само може да биде уште погрдо и на пониско ниво“, смета еден професорот по историја на универзитетот во Сао Паоло, Пимента.