1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делумно затемнување на Сонцето

4 јануари 2011

Жителите на Европа, делови од Африка и Азија утринава беа сведоци на првото од четирите затемнувања на Сонцето, што ќе се случат во 2011 година.

https://p.dw.com/p/ztKn
Затемнувањето во Германија беше само делумно видливоФотографија: dapd

Делумното затемнување на Сонцето беше најјасно видливо од нордиските земји, кои можеа точно да препознаат како Месечината прекрива повеќе од осумдесет отсто од сончевиот диск.

Затемнувањето започна во 7часот и 40 минути по средноевропско време, кога полутопката на Месечината ја заткри површината на Земјата во северен Алжир. Потоа сенката, движејќи се на исток преку Северна Африка, Европа и Блискиот Исток, продолжи да се движи до северна Индија и северо-источната граница на Казахстан. „Претставата“ на небото заврши околу 10 часот и 45 минути.

За разлика од Македонија, каде денеска преовладуваше релативно ведро време, погледот кон небото на германските жители им го попречи дебелиот слој облаци. Делумното затемнување на Сонцето можеше да се проследи единствено од јужните и западните краеви од Германија. Во останатиот дел од земјата едноставно траеше малку подолго, додека целосно не се раздени. Следното делумно затемнување на сонцето, што ќе биде видливо од германско тло, ќе се случи на 20. март 2015 година.

Автор: ТТ/СН/миа/дпа

Редактор: