1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делегација на ОН на Косово

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAU

Делегација на Обединетите нации попладнево ќе допатува во Белград во рамките на мисијата на Косово за да се информира за ситуацијата во покраината, пред решението на Советот за безбедност за идниот статус на Косово. Делегацијата што ја предводи белгискиот амбасадор во светската организација, Јохан Вербеке, во текот на денешниот ден престојува во Брисел на разговори со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и со евро-комесарот за проширување Оли Рен. Утре мисијата во Белград ќе има средби со претседателот на Србија Борис Тадиќ и со премиерот на оваа земја Воислав Кошутница. На Косово се предвидени средби со претставници на власта и на меѓународната заедница. Со испраќањето на оваа делегација, Советот за безбедност го исполнува барањето на Русија.