Девизни шпекулации
7 јуни 2005Девизните експерти во моментов како најголема проблематична зона ја посматраат Европа. Економскиот стручњак на „Глобал инсајт„ Нериман Беравеш вели:
„Одбивањето на уставот беше удар врз еврото кое покрај доларот се етаблира како водечка валута. Уште еден експерт, Џо Кинлан, вели дека исходот од референдумите во Франција и Холандија, освен тоа, ќе го запре ширењето на Унијата кон исток:
„Колку што е поголем европскиот колач, толку подобро за американските фирми кои радо би виделе проширување кон Турција или Украина„.
Меѓутоа, најновото засилување на доларот ќе биде краткотрајно, предвидува Беравеш:
„Гигантискиот близнак дефицит, значи големиот државен долг и нерамнотежата меѓу извозот и увозот во трговскиот биланс, повторно ќе го потиснат доларот во наредните 3 до 6 месеци. Колку што е поефтин доларот, толку е поефтин извозот, па тоа малку би помогнало за трговскиот дефицит„.