1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деблокада на евроинтерацијата на Македонија со словенечко-хрватскиот модел

Силвера Падори-Кленке13 февруари 2014

Деблокирањето на македонската ЕУ интеграција со примената на т.н. словенечко -хрватски модел и задачите за земјата беа теми на разговорите меѓу група пратеници од македонското Собрание и претставници на политички Берлин.

https://p.dw.com/p/1B72G
Фотографија: DW/S. Padori

Пораките кои политички Берлин ги испрати до македонските парламентарци кои два дена како гости на фондацијата Конрад Аденауер престојуваа во Берлин се јасни. Прво, Германија ќе ја продолжи поддршката Република Македонија што поскоро да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ. И второ, јасно е детектирано дека евроспетицизмот, прашањата за емигрантите и европската криза не се сојузници на процесот на проширувањето. Овој блок теми доминирал и во разговорите со пратениците на ЦДУ-ЦСУ од Бундестагот Петер Вајс (претседател на групата за Југоисточна Европа), со Торстен Фрај и Јохан Вадефул (и обајцата членови на Комисијата за надворешни работи).
„Секако дека главната тема беше интеграцијата на земјата во Унијата и разочарувањето дека поради спорот со името и натамошната грчка блокада, изостана заклучок на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Јас кажав дека германските парламентарци немаат разбирање за ваквото однесување на Грција, дека и на последната дебата во Бундестагот оваа блокада јасно беше критикувана. Но, за жал, моментно немаме никаква можност оваа блокада да ја остраниме“, истакна за Дојче Веле по средбата со македонските пратеници демохристијанот Петер Вајс. Тој дополни дека било дискутирано и за критичките забелешки од Извештајот за напредок за Македонија, поради што од пратениците јасно побарал нивно натамошно ангажирање за спроведување на реформите со кои би се потврдило дека земјата чекори напред. Тоа би било и аргумент за што поскоро отворање на вратите на ЕУ за Македонија. За што поголем придонес на германските парламентарци во надминување на грчката блокада според Вајс е договорена подобра меѓусебна размена на информации со што будноста за темата Македонија би била поголема.

Peter Weiß CDU Vorsitzender der Parlamentariergruppe Südosteuropa im Bundestag 100 Jahre Albanien Jubiläum
Вреди да се направи обид и на Македонија да и се дозволи поинаков пат на интеграција од досегашниот. Петер ВајсФотографија: Esat Ahmeti

Нови иницијативи од парламентарците!

Со оглед што секогаш во минатото парламентарците од Бундестагот ја поддржувале Македонија, а високата политика и владата биле тие кои покажувале воздржаност, ДВ го праша Петер Вајс: како може Македонија конкретно да ја почувствува германската поддршка кога е во прашање доближувањето до ЕУ и блокадата на Грција?
„Разговаравме за идејата пристапните преговори да започнат на еден неформален начин, без претходно решение за спорот со името, за која цел во наредните месеци уште еднаш ќе треба да се сретнеме и да разговараме. Јас можам да си претстават почеток на една ваква иницијатива од страна на германските парламентарци. Ова, меѓутоа мора да биде поддржано и од сите други во Европска унија. Замисливо е и ќе биде потребно многу работи претходно да се договорат“, подвлекува Вајс, кој е начисто дека ова би бил „невообичаен пат“. Тоа, меѓутоа не значи дека парламентарците би биле „слободни стрелци“ туку дека претставниците кои се задолжени за регионот, најпрво неформално во фракциите ќе разговараат за конкретните иницијативи, по што ќе имаат прилика за ова да дискутираат и со министерот и одговорните од сојузното МНР.
„ Јас сметам во секој случај вреди да се направи обид, и да се побара и парламентите на другите држави на ЕУ да покренат вакви иницијативи со кои би се дозволило Македонија да оди по еден поинаков пат од досегашниот. Зашто јас гледам проблем во тоа што преговорите не одат нанапред, што нема поместување и што блокадата продолжува и може се што е постигнато да парализира, со што и расположението во Македонија за Европа и членството во ЕУ би спласнале. Затоа и на обете страни - и на Македонија и на ЕУ е во интерес, да не го дозволат ваквиот негативен развој во земјата“, коментира за ДВ, Петер Вајс.
„Во германскиот Бундестаг постои група на добри познавачи и пријатели на нашиот регион кои се расположени да ја разгледаат иницијативата за примена на словенечко- хрватскиот модел при преговорите за членство во ЕУ и за Македонија. Тоа значи поведување одредени иницијативи кои ќе создадат околности Македонија и Грција паралелно да разговараат и за членството во ЕУ и за разликите во името. Така тие два процеси наместо да се косат еден со друг, како што е досега, би се стимулирале со заедничка мотивација - што поскоро да се стигне до двете цели“, кажува за ДВ и Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание кој ја предводеше македонската делегација во Берлин. Тој дополни дека имало позитивни сигнали за Македонија и конкретно од највисоко владинио ниво. На разговорите со портпаролот на сојузната Влада, државниот секретар Штефен Зајберт, на македонските парламентарци им било посочено дека средбата на канцеларката со преговарачот Нимиц била токму на иницијатива на Меркел. Ова било претставено како сигнал за нејзината лична заинтересираност да дознае повеќе околу македонско-грчкиот спор и да ги согледа можностите на кој начин германската влада и германската дипломатија би можеле да ја даде свој придонес за придвижување на напред и за пробивање на грчката блокада.

Mazedonischer Außerminister Antonio Milososki
Во иднина подобро треба да се искористи отворената врата на Берлин. Антонио Милошоски.Фотографија: DW

Неформални информации

Symbolbild Armutsmigration Europa
Миграциите и евроскептицизмот не се пријатели на проширувањето!Фотографија: imago/epd

„Со нашите домаќини разговаравме и за состојбите во Макеоднија, за нашите избори, за тоа што очекуваме, за реформите и одредените слабости кои заслужуваат поголемо внимание од македонските институции. Во секој случај имаме отворена врата во Берлин која ќе гледаме подобро да ја искористиме по завршувањето на изборите за европските институции во Сојузна Република Германија и секако по изборите во Македонија. Тогаш и двете држави, двата претседатели и двата парламенти, ако има предвремени избори тоа значи новото македонско Собрание, ќе можат со полн капацитет да се вклучат во заедничките проекти и иницијативи чија крајна цел е да се пробие грчката блокада. Задача што нема да биде лесна, но со трпелива, мудра, посветена политика, со добри реформи и позасилени дипломатски активности е можна и изведлива“, изјави за Дојче веле Антонио Милошоски.
Инаку, како што вели тој групата македонските пратеници ( Александар Спасеновски, Христина Рунчева, Сузана Салиу и Ермира Мехмети) во Берлин имале и неформална размена на мислења со бројни германски пријатели на Македонија, при што меѓу многуте информации се нашла и онаа според која следното проширување на Европската унија со било која земја членка од регионот, би се случило во 2018 или 2019 година.
„Она што ни беше посочено е дека Владата на Самарас и грчката дипломатија преземаат разни чекори Република Македонија да не ги отпочне преговорите со ЕУ до 2018. Или, доколку ги отпочне, тие да не завршат во краток рок или да бидат одолговлекувани за да не може Македонија да се приклучи кон земјите кои имаат шанси да бидат дел од наредното проширување на Унијата по 4 или 5 години“, коментира за Дојче веле Антонио Милошоски.