Два бомбашки напада во Индија
21 февруари 2013
Експлозиите се случиле во временски интервал од само две минути, соопшти полицијата. Едната експлозија се случила пред кино, а една на автобуска станица во градот. Бомбите, според досегашните сознанија, биле прицврстени на велосипеди. Индискиот премиер Манмохан Синг изјави дека нападите нема да останат неказнети. Тој упати повик до граѓаните да останат мирни.
Последниот тежок бомбашки напад во Индија се случи во септември 2011 година. Тогаш во експлозија пред еден суд во Њу Делхи загинаа 13 лица.
Индија по погубувањето на едно лице од Кашмир пред две недели е во состојба на аларм. Мохамед Афзал Гуру беше осуден на смрт со бесење поради напад врз индискиот парламент во декември 2001 година. Во тој напад загинаа 14 луѓе, меѓу кои и петтемина напаѓачи. Повеќе групи за човекови права изразија сомнeвaње во правната коректност на процесот против Гуру. По погубувањето во Кашмир избија безредија со мртви и повредени.