Двајца загинати припадници на ИСАФ
27 септември 2007Реклама
Двајца војници на НАТО загинале а уште двајца се повредени во напад милитанти врз патрола во јужниот дел на Авганистан. Командата на силите на ИСАФ го потврди инцидентот и соопшти дека станува збор за припадници на данскиот контингент. Авганистанската полиција во меѓувреме потврди дека четворица претставници на меѓународниот црвен крст се киднапирани во провинцијата Вардак. Засега е познато само дека двајца од нив се странци.