1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца Германци киднапирани, ослободени, па осомничени за трговија со дрога

Александар Методијев/афп/дпа/ап2 ноември 2013

Двајца Германци, кои беа киднапирани на истокот од Либан, се ослободени денеска, но полицијата ги уапси под обвинение за трговија со дрога. Во акцијата за ослободување загина еден либански војник и еден од киднаперите.

https://p.dw.com/p/1AAWl
Долината БекаФотографија: picture-alliance/dpa

„Германците беа киднапирани минатата ноќ во долината Бека и се денеска (02.11) ослободени. Полицијата ги уапси поради трговија со дрога“, информира Националната информативна агенција во Либан.

Непознатите лица кои ги киднапираа Германците побараа откуп за нивно ослободување во висина од 5.000 евра, но полицијата информираше дека во овој случај не се работи за политички, туку за криминален случај. Двете лица ги спасиле либанските безбедносни сили. Во акцијата на либанската армија загинаа еден војник и едно од осомничените лица за киднапирањето.

Либанските медиуми информираат дека Германците имаат либанско потекло. Германската амбасада во Бејрут не даде коментар за овој случај. Полициски извори нагласуваат дека киднаперите биле познати по трговија со дрога. Откако германските државјани биле ослободени, тие побегнале кон главниот град Бејрут, но биле запрени од патролна служба, при што се идентификувале како жртви на киднапирање. Безбедносни служби велат дека е нејасно дали киднапираните лица биле ослободени затоа што самите си платиле за тоа или, пак, поради паника на киднаперите предизвикана од акцијата на либанските безбедносни служби.

Karte Libanon Englisch

Долината Бека е регион кој е дом на многу вооружени кланови и главни произведувачи на кнабис. Во 2011 година седум Естонци беа киднапирани во Бека и беа ослободени дури по четири месеци. Сепак, оваа долина е популарна туристичка дестинација, во неа има винарии и римски храмови.