Дваесетина загинати во немирите во Узбекистан
4 јули 2022Во протестите против во меѓувреме повлечена уставна реформа, во автономната провинција Каракалпакстан во Узбекистан се убиени 18 лица, а 243 се ранети, соопшти денеска Националната гарда. Локалните сили за безбедност при растурањето на протестите во петокот привеле 516 демонстранти, но многумина од нив во меѓувреме се пуштени на слобода.
Повод за немирите биле плановите за промена на уставот во централноазиската држава, во кои не била содржана ветената автономија на Каракалпакстан. Соочен со масивните протести, претседателот Шавкат Мирзијоев во саботата ги повлекол плановите за уставна реформа, но вовел вонредна состојба во траење од четири недели.
Протестите започнале во провинцискиот главен град Нукус.
Мирзијоев ги нарече демонстрантите предизвикувачи на нереди, кои во уништувачки акции фрлале со камења, подметнувале пожари и вршеле напади врз полицијата.
Во авторитарно управуваната поранешна советска република Узбекистан, владата со драстични мерки се справува со секоја форма на критика. Во Каракалпакстан, на брегот на Аралско Езеро, живее етничко малцинско население кое според јазикот е поблиско до соседен Казахстан отколку до Узбекистан.