Да се урне унгарскиот бедем
18 јануари 2014Унгарската репрезентација во втората фаза од континенталниот шампионат влезе како третопласирана во групата Б, без победа. Прво убедливо загуби од Шпанија (27:34), а потоа унгарските ракометари одиграа две нерешени средби, против Исланд (27:27) и против Норвешка (26:26).
Двојки за другите две денешни средби од оваа група: Австрија – Исланд (18:15 часот) и Данска – Шпанија (20:30 часот).
Во новоформираната Група 1 Данска и Шпанија влегуваат со по четири бодови, Македонија со два, Исланд и Унгарија со по еден, а Австрија во втората рунда не носи ниту еден бод.
Македонската репрезентација, по денешниот натпревар против Унгарците, во понеделник игра против Исланд, а во среда во последното коло во групата, ќе игра против Шпанија.
Табела: Шпанија 4 бодови, Данска 4, Македонија 2, Исланд 1, Унгарија 1, Австрија 0.