1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Да" за Турција во ЕУ,но со задршка

6 октомври 2004

Условена препорака од Комисијата на ЕУ за започнување преговори со Турција за нејзин пристап кон европското семејство на држави. 45 години откако Турција поднесе официјално барање за членство во тогашната Европска економска заедница, 41-на година по потпишувањето на договорот за асоцирање и пет години откако официјално и‘ е признаен статусот на кандидат, конечно на земјата распослана на два континента и

https://p.dw.com/p/AcKk

� се отвора песрпектива за почеток на конкретни чекори што на крајот, кој и нема да биде толку близу, ќе водат кон полноправно членство. Последниот збор, во секој случај, ќе го кажат шефовите на држави или на влади на самитот на 17-ти декември во Брисел.

Претседателот на Комисијата на ЕУ Романо Проди пред Европскиот парламент во Брисел денска објави дека Комисијата го исполнила налогот за проверка на напредокот што го оствари Турција во воведувањето на демократски стандарди, и нејзиниот одговор е: Да, Турција ги исполни политичките критериуми за демократија и правна држава. Но, препораката е со задршка, рече Проди. Мора да биде обезбедено реформскиот процес во таа земја континуирано да продолжи; во спротивно, посебно ако дојде до застој кај човековите права, преговорите можат да бидат суспендирани. Освен тоа, со оглед на високите трошоци за пристапувањето, мора да бидат договорени заштитни клаузули. Можни се такви клаузули и во однос на приливот на турска работна сила во другите држави на ЕУ. Проди нагласи дека приемот не е нужна консеквенција и резултатот од преговорите не е однапред јасен. Тој не спомна можен термин за почеток на преговорите. Комисијата смета на 15-годишно траење на преговорите.

Еврокомесарот за проширување на Унијата Гинтер Ферхојген нагласи дека извештајот ништо не разубавува, но и не го премолчува остварениот напредок.

-Во однос на човековите права, според Ферхојген, правните рамки се соодветни на барањата на ЕУ, но не и практиката.

Тој се искажа и за земање предвид на “сите дилеми, грижи и стравови” кај населението на ЕУ во врска со пристапувањето на Турција. “Потребно ни е широко учество на општеството во Турција и во земјите на Унијата” – рече Ферхојген.

Во Комисијата, според извори во Брисел, немало гласање, туку владеел широк консензус. Против се изјаснил само холандскиот еврокомесар Фриџ Болкестајн.

Германскиот канцелар Герхард Шредер од Индија, првата станица на неговата азиска турнеја, го поздрави решението на Комисијата на ЕУ. Тој им се спротивстави на страхувањата од непречен прилив на турски рабоници, нагласувајќи дека европската Комисија предлага енормно долги преодни рокови.

“Конечно, извештајот јасно го покажува она што постојано го велев, дека преговорите треба да бидат започнати со прием на Турција како цел. Но, тие ќе траат 10 до 15 години и во тоа време Турција натамошно позитивно ќе се развива” – изјаве германскиот канцелар.

Опозицијата во земјава се огласи со главно критички оценки. Така, потпретседателот на демохристијанската фракција во Бундестагот Волфганг Шојбле во писмената изјава вели дека препораката на Комисијата доаѓа прерано, што таа и самата го потврдува со тоа што не наведе временски пункт за почеток на преговорите. Ако Комисијата самата пледира за преговори со отворен краен резултат, тогаш тоа не мора да се состои само во неуспех, на што предупредува Комисијата, туку таквиот отворен преговарачки мандат мора да содржи и перспектива за привилегирано партнерство. Со тоа Турција не би била отфрлена, а би се зачувала шансата за вистинска политичка интеграција на Европа, вели Шојбле. И претставникот на ЦДУ за европолитички прашања Петер Хинце смета дека привилегирано партнерство е подобра основа за блиска соработка од доверба меѓу Турција и ЕУ. Претседателот на покраинската група на ЦСУ во Бундестагот Михаел Глос укажува дека Комисијата на Унијата ја поткопува идејата за Европа: мирното обединување и достигнатото ниво на интеграција на континентот, според него, би било доведено во опасност со прием на Турција.

Германските Либерали го поздравија решението од Брисел, но сметаат дека прием би бил можен најрано за 10 години.

Германската индустрија и трговија на големо позитивно ја оценија препораката на Комисијата на ЕУ. Претседателот на Здржението на германската индустрија Михаел Роговски прво ги гледа шансите, не премолчувајќи ги ризиците и јасно пледира за почеток на преговори. За германската индустрија Турција е пазар во пораст со голем стратегиски потенцијал.

3 ипол милионската Турска заедница во Германија го поздрави ставот на европската Комисија. “Таа недвосмислена европска перспектива ќе му даде силен поттик и на интеграциониот процес на Турците што живеат во Германија” – изјави претседателот на заедницата Хаки Кескин во Хамбург.