Дачиќ – од црна листа на ЕУ до мандатар на влада
28 јуни 2012Дачиќ рекол и дека поради обезбеденото мнозинство може да се закаже продолжението на конститутивната седница на српското собрание.
„Владата на Србија треба да биде мала по број, ефикасна и одговорна, и со договор да одлучува за значајните работи за граѓаните“, изјави претседателот Николиќ по состанокот со Дачиќ. Тој рече и дека која влада и да се избере, таа ќе биде на европскиот пат и не трба да зависи од чиј било став.
Мандатарот за состав на нова српска влада е родне на 1-ви јануари 1966 година во Призрен. Бил дел од Сојузот на комунисти, а од почетокот на деведестите години на минатиот век е дел од Социјалистичката партија на Србија. За претседател на партијата е избран на крајот од 2006-та година. Дачиќ е поранешен потпретседател на влада и министер за полиција. На изборите за претседател на Срвија, одржани во 2004-та година, тој освои 4,04 проценти од гласовите на избирачите. На претседателските избори оваа година, пак, заврши на третото место. Коалицијата околу неговата партија на парламентарните избори годинава освои 44 пратенички места.
Името на Дачиќ се наоѓаше на списокот личности од опкружувањето на претседателот Милошевиќ, на кои им беше забранет влезот во земјите од ЕУ. Од друга страна, тој е добитник на наградата „Најевропјанин“, за придонесот во европските интеграции на Србија.
Дачиќ вчера изјави дека прашањето од суштинско значење за коалицијата околу неговата партија е зошто да учествува во нечија влада, ако не може да ја води.
Александар Методијев/бета/миа