1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Датум за избори не е договорен, комуникацијата продолжува

СН/агенции
12 јуни 2020

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да постигнат договор за датумот на изборите по средбата кај македонскиот претседател.Пендаровски претходно упати покана за ваквата средба да се спречи поголема внатрешна криза.

https://p.dw.com/p/3dhv6
Nord-Mazedonien Präsident Stevo Pendarovski Zoran Zaev und Hristijan Mickoski
Фотографија: Büro des Präsidenten von Nordmazedonien

Средбата на двајцата партиски лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски во „Вила Водно“ траеше речиси три часа и заврши без договор за одредување на датум за парламентарните избори во земјата. Инфорацијата за ваквиот исход на средбата ја пренесе кабинетот на шефот на државата. 

Во соопштението се наведува дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции. Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, се вели во соопштението. И Заев и Мицковски во кратките изјави по средбата се воздржаа од споделување на повеќе детали за водените разговори. 

Веќе подолго време од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат спротиставени ставови за тоа дали, како и кога треба да се одржат парламентарните избори, кои еднаш веќе беа одложени поради избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. 

Nord-Mazedonien Präsident Stevo Pendarovski Zoran Zaev und Hristijan Mickoski
Фотографија: Büro des Präsidenten von Nordmazedonien

Повеќе:

-Нема нова вонредна состојба

-Пендаровски меѓу вкрстен оган

-Петти или 15-ти јули: Десет дена ги делат власта и опозицијата

По речиси три месеци, утре завршува вонредната состојба воведена  во земката поради коронавирусот. Македонскиот претседател претходо во обраќање до јавоста порача дека нема причина за прогласување на нова вонредна состојба. Според него за мерките за борба против вирусот, кој и натаму засилено се шири во земјата постои законска регулатива и за нивно воведување не е потребно прогласување на вонредна состојба. 

Пендаровски уште нагласи дека се неопходни избори за државата да добие функционален наместо распуштен парламент и легитимна наместо техничка влада.  Токму заради изнаоѓање излез од ваквата ситуација во период во кој земјата се справува со коронавирусот, со ставање на државите над личните и партиски интереси, рече Пендаровски упатувајќи го повикот до Заев и Мицковски за денешната средба.