1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дарфур паѓа во заборав

Рајнер Зитфелд23 август 2006

Додека светот се занимава со актуелните кризни жаришта, суданскиот кризен регион, Дарфур, паѓа во заборав. А, тоа има тешки последици.

https://p.dw.com/p/Ady7
Пазар во Дарфур
Пазар во ДарфурФотографија: AP

“Се подготвува нешто многу лошо“, вели загрижениот заменик генерален секретар на ОН, Марк Малох Браун. Драматичната состојба во Дарфур, со 200 илјади мртви и два милиони протерани, нему, а како што вели би требало и на меѓународната заедница, му задава повеќе грижи отколку ситуацијата во Либан:

“Ние сме исклучително вознемирени и екстремно загрижени поради влошувањето на хуманитарната и безбедносната состојба во Дарфур. “

Застрашувачки збир на потфрлувањето по прашањето Судан. Откако генералниот секретар на ОН на крајот на јули за замена на недоволните сили на Африканската унија со мисија на ОН, за заштита на цивилното население во Западен Судан, веќе ништо не се помрдна од место. Напротив – конфликтниот регион падна во сенка на други кризи и со тоа падна во хаос. Во логорите има малку животни намирници. ОН мора да ги намалат калориите поради тоа што недостигаат пари. Насилството е во пораст. Само минатиот месец од страна на бутновниците беа убиени единаесетмина соработници на Светската програма за храна.

Советот за безбедност не го заборави Дарфур, но темата е во позадина. Тука ништо не менува фактот дека Велика Британија и САД предложија нова резолуција за Судан, во која се бараат 17 илјади војници за Дарфур.

Суданскиот претседател Омар Хасан ал Башир тоа решително го отфрла и вели дека неговата амрија ќе ги победи сите трупи кои ќе влезат во неговата земја, исто како што Хезболах го победил Израел. Исто како Либан, и Судан опстојува на тоа да ја реши кризата со сопствени сили.

Сега, 10 илјади владини војници треба да воспостават повторно ред и мир во Дарфур. За бегалците, за Амнести Интернешнл и за Хјуман Рајтс Воч тоа е хорор претстава, зашто милициите блиски до владата се одговорни за крвопролевање и протерување.