Дарфур – нови преговори
7 септември 2007Реклама
Нова рунда преговори треба да му стави крај на крвопролевањето во суданската покраина Дарфур. Преговорите со посредување на ОН и на Африканската Унија треба да почнат на 27 октомври во Либија: “По консултациите со сите страни, шефот на Африканската Унија Алфа Омар Кумаре и јас решивме преговорите да почнат в сабота на 27 октомври и да ги водат специјални пратеници на ОН и на Африканската Унија. Тие ќе останат во тесна координација и со земјите од регионот“ - соопшти генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Картум. Тој уште еднаш апелираше до страните во конфликтот да го почитуваат примирјето. Од избивањето на борбите во Дарфур животот го загубија најмалку 200.000 луѓе, додека 2 милиона се наоѓаат во бегство.