1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночните приходи на рекордно ниво

ЖА/дв/дпа31 јануари 2013

Германија во 2012 година остварила рекордни даночни приходи. Сојузот и покраините од данок собрале пари како никогаш досега, вкупно 552 милијарди евра. Но, слабеењето на конјуктурата сепак остави траги.

https://p.dw.com/p/17VSy
Фотографија: Fotolia/fox17

Во Германија лани од данок се собрани 24,5 милијарди евра или 4,7 проценти повеќе од претходната година, произлегува од актуелниот месечен извештај на министерството за финансии.

За рекордните приходи од данок пред се‘ придонесува високата стапка на вработеност и платените давачки по тој основ, поголеми за 6,7 насто. Приходите од данок на промет, пак, се зголемени за 2,4 насто. Државата и покраините лани имале 2,2 милијарди поголеми приходи отколку расходи.

Mеѓутоа, во последниот квартал од 2012 година се почувствувани првите траги на кочење во даночната статистика. Плусот во споредба со истиот период во 2011 година е поголем само за 2,1 процент, иако во третиот квартал беше 8,1 насто поголем. Причина се „потфрлувањата“ во приходите од данок од тутун и возила.