1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночната и енергетската политика „жежок костен“ во ЕУ

Кристоф Хазелбах / Александра Трајковска22 мај 2013

Шефовите на држави или на влади на вонреден самит денеска дебатираат за енергетската и даночната политика во ЕУ. Дебатата во Европарламентот на овие теми покажува колку се тие тешки.

https://p.dw.com/p/18bo7
Фотографија: Fotolia/Bobo

Комесарот за даночна политика на ЕУ Алгирдас Семета го радува што шефовите на држави или на влади конечно на ова ниво ќе разговараат за даночната политика. Министрите за финансии неодамна донесоа одлука, дека имаат намера заеднички да преземат зајакнати мерки против даночната измама. Семета сепак не може да сокрие дека „се надевал на поголеми амбиции, пообврзувачки ветувања и пократки рокови“. Одлучено е на пример ЕУ да води преговори со редица трети држави за размена на информации за сопствениците на сметки. Меѓутоа како и досега, Австрија и Луксембург се'уште ја имаат банкарската тајна. Тоа значи дека во рамките на ЕУ оваа размена се блокира.

Годишно се губат еден трилион евра поради даночно затајување

Пратеникот од СПД и финансиски стручњак Удо Булман, расположението на парлемантарците од различни партии и земји го изрази во една реченица: „Не смее уште долго, за европските држави да плаќаат исклучиво оние кои или не можат да побегнат, или се премногу чесни да побегнат“.

Abstimmung im Europäischen Parlament in Straßburg ARCHIVBILD 2008
ЕУ парламентФотографија: picture-alliance/dpa

ЕУ проценува дека државите годишно врз основа на даночна измама губат приходи во износ од еден трилион евра, значи илјада милијарди. Голем број пратеници критикуваат дека тоа што недостасуваат придонесите на богатите, нормалните граѓани мораат да го надоместат со плаќање повисоки даноци и давачки. Големо мнозинство парламентарци имено ги критикуваат даночните имами на богатите, како и стратегиите за избегнување на плаќање на данок на меѓународните концерни како „Гугл“, „Амазон“ и „Старбакс“.

Швеѓанецот Гунар Херкмарк смета дека и планираниот данок за финансиски трансакции ќе доведе до стратегии за избегнување на плаќање на данок. Британскиот конзервативен политичар Мартин Келенан пак опоменува дека високите даноци како во Франција ги бркаат претпријатијата од земјата. Затоа не би смеело во Европа да има хармонизирање на даноците, туку на натаму би требало да има натпревар.

Дали политиката за климата уништува работни места?

Исто така и темата енергија во моментов е во знакот на европската економска криза. Комесарот за енергија на ЕУ Гинтер Отингер призна дека енергијата во Европа во минатото свесно била поскапувана „од една страна за да ги решиме проблемите со буџетот. Втората причина е поради енергетската ефикасност: Она што е скапо, со него се однесуваме штедливо.“ Меѓутоа за сиромашните скапата енергија станува се' поголем проблем. Освен тоа скапата енергија се одразува и врз европската индустрија. Во САД гасот и струјата се значително поевтини отколку во Европа. Ваквиот развој Европа не смее да го прифати, оти во поинаков случај ќе ја загуби својата индустрија, а со тоа и вредни работни места. Многумина европратеници, како од десничарскиот така и од левичарскиот политички спектар го делат ставот на еврокомесарот. Тие сметаат дека во моментов се претерува со климатската политика. Меѓутоа пратеникот од Зелените Даниел Кон Бендит предупредува: „Ако полагате на јаглен, атомска енергија или гас за да ги решите енергетските проблеми, тогаш се враќате во минатото“. Исто така и комесарката за клима на ЕУ Кони Хедегард неодамна рече дека Европа не сака да се врати кон јагленот и да има загадени градови како во Кина.

Symbolbild Emissionshandel Windkraft vs Kohlekraftwerk
Фотографија: picture alliance/augenklick