1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали на Косово е можно единствено ограничување на штетата?

18 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOr
Фотографија: AP

Коментар на Бернд Јохан

Ескалацијата го следи познатиот урнек: кружеа непотврдени гласини за насилна смрт на албански деца. Дојде до протести и судири меѓу Албанците и Србите. Војниците на КФОР и полицијата на ОН се нападнати.

Во изминатите пет години постојано имаше вакви немири. Но, овојпат насилството се испразни со толкава сила и во толкав обем, што би требало да предизвика врескав алармирачки тон кај меѓународната заедница. Безредијата ескалираа истовремено на повеќе места на Косово и преминаа во Србија и Црна Гора. Навира лош сомнеж – дали ескалацијата на насилството беше управувана? Управувана од екстремистички групи на двете страни, кои чекаа само повод, за со цела жестина одново да го подгреат конфликтот на неколку дена пред петгодишнината од косовската војна?

Косово во последно време не владееше со насловните страници на светскиот печат. Но, демократски структури и култура на дијалог сеуште не се развиени. Причината за конфликтот, судирот околу иднината на Косово, е одложен на подолго време. Меѓународната заедница се надева дека состојбата ќе се смирува и дека на тој начин ќе се олесни решението за спорните прашања. Случајот се чини е спротивен. Одлагањето на прашањето на статусот предизвикува огорченост на двете страни.

Постигнување согласност по прашањето на статусот и пет години по косовската војна во никој случај не е поблиску отколку што претходно беше. Најновите безредија покажуваат – доволно е едно жарче и повторно горат барикади, цркви и џамии. Така беше во 1999 година и така е и денеска. Косово е сеуште многу оддалечено од мирна иднина. Ако Србите и Албанците останат непопустливи, тогаш меѓународната заедница нема да може да направи ништо друго освен да ја ограничува штетата. А, сувереноста, како за Србите, така и за Албанците, останува сон.