1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали левицата во Латинска Америка го отслужи своето?

Астрид Пранге/сн16 март 2015

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, во 1999. година тврдеше дека го измислил „социјализмот на 21. век“. Што денес остана во реалноста од тој сон на многу „прогресивни“ влади во латиноамериканските земји?

https://p.dw.com/p/1EhBr
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Donaire

„Идејата дека Латинска Америка ќе освои нова позиција во светскиот економски поредок и ќе етаблира нова развојна стратегија пропадна“, тврди Гинтер Мајхолд, заменик директор на Фондацијата за наука и политика кој во моментов предава на Хумболтовата катедра во Мексико. Таканаречените „прогресивни“ влади не успеаја да создадат нова заедничка парадигма, вели тој: „На крајот сите земји тргнаа по свој пат.“

Но иако патиштата на одделни земји се разликуваат, Мајхолд гледа еден заеднички именител - „систематска тенденција за останување на актуелната влада на власт“. Така во Уругвај, на 1. март, 75-годишниот поранешен претседател Табаре Васкез ќе го смени 75-годишниот претседател Хозе Мујица. „Тоа е генерациски проблем, секогаш се сретнуваат исти личности“, вели Мајхолд. Континуитетот во владите и партиите доведе до стагнација на левичарската позиција.

Социјалистите сами меѓу себе

Таканаречените „прогресивни“ политичари воочливо често се залагаат за кадровски континуитет. Во Боливија, шефот на социјалистичката партија МАС, Ево Моралес, е претседател од 2006. година. Неговиот еквадорски колега Рафаел Кореа една година подоцна се всели во претседателската палата и моментално владее во трет мандат.

Во Венецуела, Хуго Чавез уште во 1999. година пропагираше „социјализам на 21. век“. Од неговата смрт во 2013. неговиот наследник Николас Мадуро се труди да го продолжи неговото политичко наследство. Учество на опозициски политичари притоа е непожелно - како што се покажа и неодамна со апсењето на еден од последните критичари на Мадуро, градоначалникот на Каракас, Антонио Ледезма.

Demonstration in Caracas Antonio Ledezma Venezuela
Антонио Ледезма, уапсениот градоначалник на КаракасФотографија: picture-alliance/AA/C. Hernandez

Во Аргентина без прекини од 2003. година владее семејството Кирхнер. По Нестор Кирхнер во претседателската фотелја во 2007. седна неговата сопруга Кристина Кирхнер. „По третиот, односно четвртиот реизбор, станува збор за влади кои веќе не се ни нови, ниту прогресивни, освен што се соочени со социоекономските проблеми и со барањата за повеќе можности за партиципација во власта и повеќе транспарентност“, вели Дерте Волрад, раководител на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Буенос Аирес. По години поминати на власт,, овие влади се соочени со нови предизвици, смета таа.

Помалку сиромаштија, повеќе протести

А проблеми нема малку. Аргентина се бори со падот на економскиот раст, зголемување на невработеноста и со последиците од техничката платежна несолвентност до која дојде поради спорот со доверителите на аргентинските државни долгови. Државните приходи на Венецуела слабеат поради падот на цената на нафтата, недостатокот на девизи доведува до проблеми во снабдувањето на граѓаните. Бразил стагнира. Единствено Уругвај, Боливија и Еквадор бележат стабилен економски раст.

Uruguay - Präsident Jose Mujica und Boliviens Präsident Evo Morales
Претседателот на Уругвај во заминување Хозе Мујица и претседателот на Боливија Ево МоралесФотографија: picture-alliance/photoshoot/N. Celaya

Притоа, владите од јужноамериканските земји уште на Генералното собрание на ОН во септември 2014. во Њујорк се пофалени за успешната борба против сиромаштијата. Според наводите на Светската банка, во овој регион екстремната сиромаштија во периодот меѓу 1990. и 2010. година се преполови. Се смета дека околу 50 милиони луѓе се „искачиле“ во средната класа. Посебно успешни во борба против сиромаштијата беа Бразил, Боливија и Перу.

Но веќе во последниот извештај за развој (Human Development Report 2014) Развојната програма на ОН предупреди дека „овие напредоци не треба да се сфатат како сами по себе разбирливи“. „Мораме да се запрашаме дали се овие подобрувања сигурни или можат повторно да се вратат на старо со експлозија на цените на прехранбените производи, природните катастрофи, војни и финансиски кризи“, се наведува во извештајот.

За познавачот на религија, Гинтер Мајхолд левицата во Латинска Америка е сепак повеќе од политички концепт кој функционира само во добри времиња, односно додека расте економијата. Има влади кои се држеа добро и во кризи, аргументира тој, и го наведува Еквадор како пример, иако и таму се намалија приходите од нафта. „Но пропадна регионалното етаблирање на левичарските концепти“, објаснува Мајхолд: „Не постои единствена латиноамериканска, туку само различни национални левици.“