1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Лагард е новиот Драги?

Томас Колман
31 октомври 2019

Тешко веројатно е дека Кристин Лагард ќе расчисти со монетарната политика на Марио Драги. Но, едно е сигурно, таа ќе ја води ова институција поотворено и потранспарентно од својот претходник, сметаа многу експерти.

https://p.dw.com/p/3SHFL
EZB-Präsident Mario Draghi Amtsübergabe an seine Nachfolgerin Christine Lagarde
Фотографија: Reuters/Paolo Giandotti/Presidential Palace

Не се многу големи очекувањата од Европската централна банка (ЕЦБ) со новата шефица Кристин Лагард. Никој не очекува дека таа ќе се сврти во друга насока од досегашната политика на Марио Драги за нулти камати. Економистот Јерг Кремер вели: „Лагард од секогаш ја подржувала политиката на Драги и како поранешна министерка за финансии ќе има доста разбирање за желбите на своите поранешни колеги од многу задолжениот југ на монетарната унија. Оние кои сега очекуваат промена на курсот ќе бидат разочарани."
Лагард најави дека сака поголема транспарентност во јавноста во однос на политиката на ЕЦБ и дека при донесувањето на одлуки ќе води сметка и за негативните последици од нулта каматите. Таа ќе мора и повеќе да им излезе во пресрет на се посилната опозиција во Советот на ЕЦБ - која се противи на експанзивната политика на банката. Уште како шефица на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа правничка се држеше до експертизата на економистите.

Добро комуницира

Шефот на Финската централна банка, Оли Рен кој своевремено се споменуваше како можен наследник на Драги, е убеден дека Лагард на чело на ЕЦБ ќе го користи искуството стекнато на чело на ММФ.
„Таа покажа дека одлично умее да комуницира, ште се важни способности во однос на финансиските пазари, носителите на политички одлуки и општеството." И неговиот колега во Советот на ЕЦБ, Беноа Кере го цени искуството на Лагард. „Таа знае како фунцкионира глобалната економија и знае како се комуницира со финансиските пазари." Дури ни финансиско-политичките противници на Лагард како поранешниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле, не ја напаѓаат. Од нејзиното опкружување може да се чуе дека таа е во состојба да дојде до решение со преговарачките партнери

Тежок однос кон наследството од Драги

Christine Lagarde
Фотографија: Imago Images/Zuma Press/M. Brochstein

Лагард досега не се изјасни околу тоа што ќе промени во однос на Драги. Но, мора да и биде јасно дека во случај на нова егзистенцијална криза на заедничката валута мора да има “План Б„ во фиока. Томас Мајер е еден од најистакнатите германски економисти работел за ММФ, Голдман Сакс во Лондон, Дојче Банк во Франкфурт како главен економ, денес работи за компанија во рамки на финансиски консалтинг Флозбах Фон Шторх во рамките на која има свој истражувачки институт.

Повеќе:

-Супер Марио ја заврши мисијата

-Лагард- виновна, но неказнета

-ЕЦБ: Крај на програмата за откупување на обврзници?

Тој смета дека Лагард треба да се подготви за следната голема криза на еврото. Според негово мислење „Лагард многу бргу учи, што сведочи за тоа дека таа може да се прилагоди на секоја криза и да реагира како што треба“.

Лавина критики

Критичарите велат дека совладувањето на кризите со водење на експанзивна монетарна политика со ниски или негативни камати – е патување со неизвесен исход. Затоа за Томас Мајер е многу важно раководството на Европската централна банка да има в предвид и алтернативни решенија. Тој постапките на ЕЦБ во кризни времиња го спореди со патување на морепловци кои пловеле низ неодбележани подрачја без ориентација.

Wechsel an der EZB Spitze
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Расте притисокот

Се очекува дека притисокот врз ЕЦБ ќе расте и понатаму. На почетокот од октомври една група некогашни експерти од оваа институција објавија меморандум во кој пишува дека „се сѐ позагрижени за актуелниот кризен модус на ЕЦБ.„ Германскиот сојузен завод за надзор на финансиски активности дури и ги повикува осигурителните компании добро да размислат за тоа колку ниските камати им го загрозуваат нивниот бизнис модел и нивниот придонес во осигурување на старост покриено со капитал," рече кон крајот на октомври извршниот директор на Заводот, Франк Грунд.

Заводот смета дека низа друштва за животно и пензиско осигурување се чуствуваат притиснати кон ѕид поради долгорочна политика на ниски и негативни камати на Европската централна банка. Освен тоа критичарите на работата на ЕЦБ поднесоа итна тужба до германскиот Уставен суд за да спречат банката од 1 ноември повторно да купува обврзници во вредност од 20 милијарди евра месечно. Тоа беше последната одлука на Марио Драги додека беше на функција, која успеа да ја протурка со тешки маки. Но, со нејзините последици ќе мора да се бори неговата наследничка.